Утре протест во Подгорица: Црногорските угостители откажуваат послушност за затворање на објектите на две недели

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Црногорските угостители соопштија дека нема да ги затворат своите објекти од утре на полноќ кога треба да стапат во сила новите епидемиолошки мерки во Подгорица, во Цетиње, во Будва и во Улцин кои подразбираат прекин на работата на кафулињата и на ресторани на најмалку две недели.

Властите одлучија да стават клуч на угостителските објекти на две недели

Здравствените власти во Црна Гора, по растот на бројот на новозаболени со ковид-19 во тие општини, донесоа одлука да ги затворат угостителските објекти на две недели и училиштата и да забранат посети по домовите.

Претходно воспоставија т.н. „систем на семафор“ кој подразбира дека во црвената зона со рестриктивни мерки што вклулуваат и полициски час влегуваат и општини со повеќе од 1.200 инфицирани 100.000 жители во последните две недели.

Жолтата зона опфаќа градови во кои бројот на заболени во последните 14 дена е меѓу 800 и 1.200 и во тие средини се затвораат училиштата, ресторани и кафулињата, а зелената зона е, речиси, без рестрикции.

Црногорските угостители најавија дека на утрешниот протест на централниот плоштад во Подгорица ќе бараат од властите да имаат ист третман како и останатите гранки во стопанството.

– Членови на здруженија од цела Црна Гора сметаат дека не се винови за новонастанатата ситуација, туку напротив дека со почитување на мерките во своите објекти дале значаен придонес за спречување на пандемијата на вирусот, соопштено е од здружението на угостители.

Мерките што беа воведени во Црна Гора на почетокот на септември, кога по политичките собири што се одржаа по парламентарните избори нагло порасна бројот на заболени, дозволуваа на маса во угостителските објекти да седат најмногу две лица, а во мнозинство општини работното време на локалите е ограничено до 22 часот.

Денеска забележани 682 нови случаја на зараза

Инситутот за јавно здравје, истовремено, забележа нови 682 случаја на зараза и две починати лица.

– Моментно имаме 6.090 заболени што на 100.000 жители е 967, истакнаа црногорските епидемиолози.

Вкупниот број на инфицирани во земјата, од почетокот на годината, изнесува 21.533 што е повеќе од три отсто од вкупната популација во Црна Гора.

Епископот Јоаникие, кој привремено ја презеде Српската православна црква во Црна Гора по смртта на митрополитот Амфилохие, е позитивен  на коронавирус, објавија од црногорско-приморската митрополија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот