Утре продолжува судскиот процес на министерката Петровска против пратеникот Ковачки

Фото: Министерство за одбрана

Утре продолжува судскиот процес против Драган Ковачки покренат од министерката Славјанка Петровска.

„ Утре со почеток во 09:45 часот во Основен суд 2 во судница 14 ќе се одржи главната расправа за судскиот спор кој го иницирав против искажаните невистини на Драган Ковачки кон мене.
Рочиштето е отворено за јавност” објави Петровска.

Пред оусум месеци во Основниот суд 2 започнува подготвително рочиште за судскиот спор што го иницираше министерката за одбрана Славјанка Петровска против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Причината за поднесената тужба се изнесените ставови на Ковачки, кој на седница за пратенички прашања обвини оти министерката користи седативи и дискутабилно е дали може одговорно да ја извршува функцијата.

Тој се повика на документ од специјалист-психијатар, за кој што рече дега го поседува, а Петровска веднаш најави тужба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот