Успехот со масовната вакцинација во Велика Британија премирот Џонсон ја објаснува со „алчноста и капитализмот”

epa09080215 A handout photo made available by the UK Parliament shows Britain's Prime Minister Boris Johnson during Prime Ministers Questions in the House of Commons in London, Britain, 17 March 2021. EPA-EFE/JESSICA TAYLOR / UK PARLIAMENT / HANDOUT HANDOUT MANDATORY CREDIT: JESSICA TAYLOR / UK PARLIAMENT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

„Алчноста и капитализмот се во основата на успехот на масовната вакцинација во Велика Британија”, изјавил премиерот Борис Џонсон за време на приватна виртуелна средба со пратеници од неговата Конзервативна партија, која, сепак, подоцна ја демантираше со изговор дека се шегувал, пренесе БНР.

Неколку членови на Влијателниот комитет 1922 година го потврдија она што Џонсон го изјавил во вторникот вечерта, два дена пред распуштањето на Парламентот за велигденските празници.

Како што наведуваат, „премиерот беше горд на фактот дека повеќе од 28 милиони Британци ја примија својата прва доза вакцина, додавајќи: „причината за успехот на вакцината е поради капитализмот и алчноста, пријатели мои”.

Веднаш потоа, тој се обиде да го демантира тоа, шегувајќи се дека информациите од состаноците со Комитетот 1922 година секогаш излегуваат во медиумите. Даунинг стрит не даде коментар во однос на ова. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот