Усмртен пешак на патот Куманово-Крива Паланка

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Педесет и деветгодишен кумановец е прегазен вчера од „ауди“ на патот Куманово-Крива Паланка при што од здобиените повреди починал.

„На 09.01.2024 во 20.05 часот, било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка патничко моторно возило „ауди” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(22) од с.Добрача-општина Старо Нагоричане, удрило во З.Ѓ.(59) од Куманово. На местото на несреќата починал З.Ѓ.“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот