Уште едно признание за Ѓоковиќ: Избран за најдобар спортист во Европа

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ по петти пат во кариерата е прогласен за најдобар спортист во Европа во традиционалниот 66-ти избор на новинските агенции.

Ѓоковиќ во изборот на новинарите освои 178 поени и заврши пред најдобриот возач во Фромула 1, Макс Верстапен. Претходно оваа награда Ѓоковиќ ја добиваше во 2011, 2015, 2018 и 2021 година.

Сезонава Ѓоковиќ освои седум трофеи од кои три грен-слем (Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен). Исто така Ѓоковиќ осми пат ја заврши годината на првото место.

Макс Верстапен на второто место освои 150 поени, додека на третото место се најде шветскиот атлетичар Арманд Дуплантис кој освои 86 поени. Зад најдобрата тројка место доби фудбалерот и напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (80 поени). Во најдобрите пет имаше место уште за сонародникот на Ѓоковиќ, Никола Јокиќ кој со Денвер го освои шампионскиот прстен во НБА.

Во топ 10 се уште полската тенисерка Ига Швојнтек (72), норвешкиот биатлонец Јоханес Тинјес Бу (51), холандската атлетичарка Фемке Бол (49), швајцарскиот скијач Марко Одермат (44) и данскиот велосипедист Џонас Вингегард (40).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот