Уште една „корпа“ за кралот Чарлс: Кајли Миног одби да настапи на крунисувањето

Фото: Профимедиа - ЕПА

Бакингемската палата уште во октомври минатата година, го објави официјалниот датум на крунисувањето на кралот Чарлс Трети. (74). Имено, крунисувањето е закажано за 8 мај, во Вестминстерската опатија, а таму ќе биде крунисана и неговата сопруга кралицата Камила Паркер-Боулс (75). Целата церемонија ќе започне два дена порано, на 6 мај, а важноста на овој историски настан е и во тоа што ова е прво крунисување по 70 години.

Австралиската поп-пејачка Кајли Миног ја одби поканата да настапи на гала концертот во чест на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, пренесува Мирор. 54-годишната пејачка се приклучи на листата на познати личности кои одбија да настапат на крунисувањето на Чарлс Трети, кое ќе се одржи во Лондон на 6 мај 2023 година.

крал чарлс
Крал Чарлс Трети / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Претходно Адел, Елтон Џон, Хари Стајлс, Роби Вилијамс и Ед Ширан изјавија дека не можат да учествуваат на празничниот концерт.

„За жал, Кајли Миног нема да може да настапи на крунисувањето на Чарлс III, бидејќи во тоа време ќе биде надвор од земјата“, изјави претставникот на пејачката за новинарите.

принц чарлс
Кралот Чарлс и кралицата-консорт Камила / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Кајли Миног беше чест гостин на кралските настани. Таа последен пат настапи на гала концерт по повод 92-от роденден на кралицата Елизабета Втора во 2018 година. Пејачката и оддаде почит на починатата кралица по нејзината смрт во септември минатата година. Во објавата на социјалните мрежи таа напиша:

„Во приликите кога ја имав честа да бидам во присуство на кралицата Елизабета Втора, бев во целосна стравопочит од нејзината енергија и аура. Моето најдлабоко сочувство до семејството и пријателите. Почивај во мир”.

Прв како монарх: Кралот Чарлс го слави својот 74. роденден

ФОТО | Кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан со круна стара 400 години

Кралот Чарлс ја крши вековната традиција, ќе оди без чорапите и кралските панталони на церемонијата на крунисување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот