Уште една бизарна изјава на Трамп: Ми се допаѓа тоа што го кажа Путин, тоа значи дека тоа што јас го говорам е чиста вистина

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп позитивно ја оцени изјавата на рускиот лидер Владимир Путин, кој неодамна сам себе си се пофали за подготвеноста да ја реши кризата со Украина.

„Ми се допаѓа тоа што го кажа Путин, бидејќи уште еднаш се докажа дека тоа што јас го зборувам е вистина“, изјави Трамп.

Тој во интервјуто тврдеше дека доколку биде реизбран за претседател, во рок од 24 часа ќе го реши конфликтот во Украина, а во таа прилика најави и неколку детали како ќе стави крај на конфликтот што трае повеќе од 18 месеци.

„Ако ви ја кажам вистината, ќе ги изгубам сите мои адути за преговори. Мислам, не можете да кажете точно и детелно што навистина имате намера да направите. Но, јас би му кажал одредени работи на Путин, а би му кажал и одредени работи на Зеленски“, рече Трамп.

На 12 септември, на Источниот економски форум, рускиот претседател Владимир Путин позитивно ја оцени подготвеноста на Трамп „за неколку дена да ги реши итните проблеми, вклучително и украинската криза“.

Рускиот претседател, тогаш изјави дека ваквата порака од Трамп едноставно не може да не го прави среќен. Во исто време, Путин изрази сомневање дека каков било исход од изборите во САД ќе влијае на американско-руските односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот