Уште еден успех: Дина Јашари ќе настапи на „Егзит“ во Србија

Дина Јашари
Дина Јашари / Фото: Бојан Ковачевиќ

Македонската пејачка и кантавторка Дина Јашари ќе настапи на годинашното издание на регионалниот музички фестивал „Егзит“ во Нови Сад, Србија.

Со објава на социјалните медиуми, талентираната музичарка најави дека ќе настапи со својата група на сцената „Фјужн“.

„Другари, се гледаме на фестивалот ‘Егзит’“, напиша Јашари на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Дина Јашари

Полека, но сигурно, Јашари ја освојува регионалната музичка сцена, а минатата година беше добитничка на престижната музичка награда „Милан Младеновиќ“, што традиционално се доделува во чест на покојниот фронтмен на „Екатарина Велика“.

Годинашното издание на „Егзит“ ќе се одржи од 6 до 9 јули.

Програмата на годинашното издание на „Егзит“/ Фото: Инстаграм/„Егзит“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот