Уште еден Јапонец втор пат заразен со коронавирусот

Човек од Јапонија, кој претходно беше заразен, а потоа закрепна повторно е позитивен на Ковид-19. Станува збор маж со над седумдесет години, кај кој вирусот бил детектиран во средина на февруари. Тој бил еден од патниците на крузерот „Дајмонд принцес“, кој тогаш беше под карантин.

Заразениот маж бил во изолација во Токио се до 2 март кога добил потврда дека е здрав и се вратил дома. Симптомите за жал се вратиле во вид на температура од 39 степени, а во болницата со тестирање потврдиле дека повторно боледува од Ковид-19.

Тој не е прв таков случај забележан во Јапонија. Неодамна жена од Осака била позитивна на коронавирусот и тоа втор пат, откако била болна кон крајот на јануари.

Научниците настојуваат да го истражат новиот коронавирус, но се уште нема темелни докази дека навистина е можно да се заболи од Ковид-19 повеќе од еднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот