Уште 104.130 дози „Фајзер“ пристигнаа во Србија

EPA EFE
Вакцина Фајзер против ковид-19 / фото: ЕПА

Нов контингент од 104.130 вакцини од компаниите „Фајзер и Бионтек“ пристигна денес во Србија. Вакцините биле доставени до Институтот Торлак.

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, изјави денеска дека досега се вакцинирани 45% од граѓаните во Белград и дека во главниот град ќе има половина милион ревакцинирани граѓани за еден или два дена.

Во претходните 24 часа во Србија биле тестирани 10.225 граѓани за вирусот корона, од кои 918 биле новозаразени.

18 пациенти починаа, а во моментот има 127 пациенти на дишните патишта во болниците низ Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот