Урсула му се јави на Румен: Поддршка за Бугарија да влезе во шенген-зоната

Фото: EPA/EFE

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во телефонски разговор со претседателот на Бугарија Румен Радев ја изразила својата поддршка за влезот на Бугарија во шенген-зоната, соопшти прес-службата на претседателската администрација.

Фон дер Лајен ги издвоила резултатите што ги постигнала Бугарија во заштитата на границите на Европската унија и покрај силниот миграциски притисок. Во разговорот, Радев изразил очекување дека резултатите од заштитата на границите ќе бидат препознаени од сите европски партнери и дека Бугарија што поскоро ќе се приклучи на шенген-зоната.

Според бугарскиот претседател, поврзувањето е од клучно значење во услови на криза и прекинати или сериозно попречени синџири на снабдување, затоа олеснувањето на комуникацијата меѓу земјите-членки на Европската унија во Југоисточна Европа преку проширување на Шенген зоната треба да биде приоритет. Радев и фон дер Лајен разговараа и за активностите што ги презема официјалната влада на Бугарија за справување со последиците од економската криза за граѓаните и бизнисите и за гарантирање на макроекономската и финансиската стабилност.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев денеска соопшти дека во Брисел разговарал со министерот за внатрешни работи на Австрија Герхард Карнер, со претставникот на Шведска и со комесарот за внатрешни работи на ЕУ, Илва Јохансон, околу прашањето за приемот на Бугарија во шенген-зоната. Јохансон ја советуваше Бугарија да ги вложи „сите потребни напори“ до 8 декември, кога ќе се гласа за проширување на шенгенските граници со Бугарија, Романија и Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот