Уништени кошници со пчели во делчевското село Бигла

Пчелите се сопственост на Кирчо Мирчевски, жител на селото, кој за случајот бил известен од сточар, кој бил на испаша со стоката.

Уништени се неколку кошници со пчели во Бојчовско маало во делчевското село Бигла. Пчелите се сопственост на Кирчо Мирчевски, жител на селото, кој за случајот бил известен од сточар, кој бил на испаша со стоката. Мирчевски не знае кој би можел да биде сторителот, бидејќи вели дека со никого се нема скарано.

– Местото е заградено и потребен е поголем напор да се турнат сандаците, затоа сметам дека животно кое некако се нашло внатре не би можело да ги турне сандаците, а и би имало трага од него. Ако некој мисли дека сум му направил нешто лошо, требало да каже, не на ваков начин да прави штета. За тој што го сторил ова можам само да кажам нека му служи на чест, вели Мирчевски.

Додава дека не е искусен пчелар и оти со пчеларство се занимава три години.

– Тој што го направил ова треба да знае дека многу труд треба да имаш вложено, бидејќи за да се занимаваш со пчели, потребно е голем мерак. Почнав со едно пчелно семејство, а мало познавање имав од дедо ми, тој чуваше пчели, но сепак собирав искуство и од друго место, вели Мирчевски.

Додава дека ќе се обиде да го врати местото во првобитната состојба и се надева дека ќе го зголеми бројот на пчели во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот