УНЕСКО бара Венеција да се додаде на листата на загрозено светско наследство

Венеција- Фото: Пекселс/pixabay

Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) препорача Венеција да биде додадена на листата на загрозени градови од светското наследство, јавува Си-Ен-Ен.

Организацијата ја повика италијанската влада да „обезбеди најголема посветеност“ за решавање на „долгогодишните проблеми“ во Венеција, кои се таложат со години, а градот се бори со пренатрупаноста и негативни ефекти од климатските промени.

Во нацрт-резолуцијата се тврди дека нема „значителен напредок во решавањето на постојаните и сложени прашања поврзани со масовниот туризам, развојните проекти и климатските промени“.

Се додава дека овие проблеми предизвикуваат „влошување и оштетување на урбаните средини, деградација на културниот и социјалниот идентитет и загрозување на интегритетот на нејзините културни, еколошки и пејзажни атрибути и вредности“.

Венеција е еден од 1.157 градови кои моментално се означени како места на светско наследство, кои имаат „извонредна универзална вредност“ поради нивните културни или природни понуди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот