Украинската блогерка раскажа за хоророт за време на бомбардирањето во породилиштето

Маријана Вишегирска
Маријана Вишегирска / Фото: Принтскрин/Јутјуб/Инстаграм

Фотографиите од украинска блогерка Маријана Вишегирска која едвај се спаси од бомбардираната болница во Мариупол го потресоа светот.

ФОТО: Се породи трудницата од Мариупол околу која се крена голема врева

Следниот ден Вишегирска родила девојче на кое ѝ го дала името Вероника. Таа на новинарите им раскажа како изгледал нападот на болницата.

„Тоа се случи на 9 март во Болницата 3 во Мариупол. Лежевме во одделенијата кога одеднаш експлодираа стаклата, рамките, прозорците, ѕидовите. Не знаевме како се случи тоа. Бевме во нашите одделенија, некои успеаја да се заштитат, некои не“, раскажа таа за хоророт кој го доживеала.

Набргу по инцидентот познатата блогерка беше обвинета од руските власти дека е платена актерка, откако беше фотографирана крвава во породилиштето во Мариупол по бомбашкиот напад.

На фотографиите направени по ужасот што се случил во болницата, се гледа Маријана која бега со најосновните работи, облечена во пижами, со крваво лице и со јасно видлив труднички стомак.

Иако претходно на својот инстаграм-профил имаше објави фотографии на кои очигледно е бремена, сепак, тоа што има над 70.000 следбеници им бил доволен доказ на Русите дека таа е актерка која учествувала во исценираното гранатирање на породилиштето.

Твитот во кој руската амбасада во Лондон ја обвини дека е актерка оттогаш е избришан бидејќи ги прекршува правилата на социјалната мрежа „Твитер“. Тогаш беше наведено дека блогерката била нашминкана и покриена со лажна крв за да изгледа повредена…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот