УЈП врши голема контрола: Утрово голем број од КАМ маркетите со жолти ленти на вратите

Кам маркет/ Фото: Фејсбук

Во синоќешното гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија „Телма“, директорката на УЈП Сања Лукаревска, изјави дека повеќе од 300 инспектори контролори на УЈП се во инспекциски надзор во 84 објекти на КАМ маркетите заради регистрирани неправилности.

„Согласно она што го утврдивме од теренските контроли во изминативе два дена, сметаме дека во интерес на граѓаните и во интерес на ова што значи зачувување на стандардот, имаме обврска – професионална и морална, да постапуваме“, изјави Лукаревска синоќа во „Топ тема“.

„Во моментов повеќе од 300 колеги од Управата за јавни приходи се во сите подружници на КАМ маркетите, заради утврдени соодветни неправилности“, додаде таа.

Синоќа, УЈП превентивно ги затворила сите КАМ маркети во државава. Сепак, не станува збор за запечатување на ланецот маркети, туку поставените жолти ленти биле затворање од превентивен карактер односно од вечерта до утрото, за да не може да се менува фактичката состојба во објектите и документите, за утрово контролата повторно да продолжи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот