УЕФА го откажа ЕП до 19 години и во машка и во женска конкуренција

Оваа одлука најверојатно ќе почне да се применува од идната недела, кога стартува новата сезона во европските купови/Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Европската фудбалска федерација поради пандемијата на коронавирусот денеска донесе одлука да го откаже Европското првенство до 19 години и во машка и во женска конкуренција.

Според УЕФА, главна причина за откажувањето на ЕП се ограничувањата кои ги донесоа владите во европските земји поради пандемијата на коронавирусот.
Патувањата на репрезентациите и одржувањето на мини турнири би било многу тешко изводливо во вакви услови“, објави УЕФА.

Европското првенство до 19 години вио машка конкуренција од 30. јуни требаше да се игра во Романија, додека женскиот турнир беше планиран во јули во Белорусија.
УЕФА исто така одлучи завршницата во футсал Лигата на шампионите од Минска да ја премести во Загреб, а турнирот ќе се одржи од 28. април до 3. мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот