УЕФА му го одзеде Суперкупот на руски Казан: Победниците во ЛШ и ЛЕ ќе играат во Атина

Освен што направи промена во квалификациите и воведе плеј-оф во Лигата на Нации, Европската куќа на фудбалот денес го промени и местото на одигрување на Суперкупот.

Имено, УЕФА Суперкупот за 2023 година требаше да се игра во Русија во градот Казан, но поради причини кои веќе се добро понзати истиот беше одземен. Новиот организтор на овој настан е Атина.

Во Суперкупот на „Караиски“ во Пиреја на 16-ти август ќе се сретнат победникот од Лигата на Европа и Лигата на шампионите.

Инаку, во пресрет на денешниот состанок на УЕФА се најавуваше дека Европската куќа на фудбалот може да ги укине санкциите за руските клубови и репрезентации во меѓународните натпреварувања, сепак тоа не се случи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот