УЕФА направи промени: Квалификациите од 2024 со 12 групи и Лига на нации со плеј-оф рунда

Македонската фудбалска А репрезентација/Фото: ffm.mk

Европската куќа на фудбалот направи промени во системот на натпреварување. Од септември 2024 година по завршувањето на Еуро 2024 кое ќе се игра во Германија квалификацискиот систем ќе биде со 12 груши.

Евроквалификациите со новиот систем ќе стартуваат со мундијалските квалификации за СП, со ова ќе се намалат натпреварите на репрезентациите затоа што групите ќе бидат со пет или четири репрезентации. Групите со пет репрезентации ќе стартуваат во март или јуни во зависност дали се уште се дел од Лигата Нации. Оние групи каде што има четири репрезентации ќе стартуваат во септември.

Првопласираните од групите ќе обезбедат директно учество на големите турнири, а второпласираните во зависност за што се работи ќе се пласираат директно или ќе има баражи каде што ќе влегуваат и селекциите од Лигата на Нации.

Промена има и во Лигата на Нации каде што е воведен плеј-оф. Според новиот систем тука ќе има четвртфинална рунда што значи дека првите две селекции од четирите групи по групната фаза ќе играат плеј-оф натпревари, а најдобрите четири ќе се борат за трофејот.

Исто така се воведува и плејаут фаза во сите дивизии, па така третопласираните репрезентации ќе играат вакви натпревари со селекциите од послабата дивизија. Последните секако испаѓаат, додека првопласираните одат во дивизија погоре.

Ова би значело дека Македонија не мора да биде прва во групата за пласман во Б-дивизијата туку и како втори би добиле шанса за пласман ако победиме против третопласирана репрезентација од Б-сегментот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот