УЕФА донесе одлука: Македонија од третиот шешир ќе ја чека жрепката за Лигата на нации

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе биде во третиот шешир заедно со Словачка, Северна Ирска и Кипар, и против нив сигурно не може да игра во групната фаза од следната Лига на нации, односно Лигата „Ц“.

Шешири за Лига „Ц“

1. шешир: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург
2. шешир: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови
3. шешир: Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар
4. шешир: Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија

Како што известуваат од Европската куќа на фудбалот првите натпревари ќе се играат во септември 2024.

Првопласираната ќе оди во повисок ранг, односно Лигата „Б“, второпласираната ќе игра бараж за место во Лигата „Б“, третопласираната обезбедува опстанок во Лигата „Ц“, додека четвртопласираната се соочува со можно испаѓање во Лигата „Д“.

Жрепката за групите од новото издание во УЕФА Лигата на нации ќе се одржи на Париз на 8 февруари 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот