Удинезе е хит во Серија А, Несторовски победата над Интер ја проследи од клупата

Фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Во првиот денешен натпревар во рамки на седмото коло во Серија А, Удинезе продолжи со одличните игри и го победи Интер со 3:1 и привремено се искачи на првото место на табелата.

Ова беше петта победа по ред за Удинезе за кого настапува и Илија Несторовски, но популарниот „Нестор-гол“ триумфот над Интер го проследи од клупата за резервни играчи.

По отворањето на сезоната во Серија А со само еден бод во првите две кола (пораз од Милан со 4:2 и со Салернитана 0:0), Удинезе нанижа пет победи и тоа над Монца, Фиорентина, Рома, Сасуоло и еве денеска Интер.


Интер поведе на „Фриули“ уште во петтата минута по одлично изведениот слободен удар на Николо Барела. Домаќините до крајот на првиот дел успеаја да дојдат до израмнување и тоа по автоголот на Милан Шкрињар во 22. минута.

Предност на тимот од Удине донесе словенечкиот фудбалер Јака Бијол во 84. минута, додека точка на натпреварот стави Толгај Арслан во третата минута од судиското продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот