Kабинетот по историја во белградското училиште никогаш повеќе нема да биде училница

Пукање во Белград, Србија / Фото: Oliver Bunic / AFP / Profimedia

Директорот на Музејот на жртвите на геноцид во Белград, кој во исто време е и член на Советот на родители во основното училиште „Владислав Рибникар“, каде што минатата недела се случи страшниот масакр, изјави дека училницата во која минатата недела 13-годишниот ученик Коста Кецмановиќ уби неколкумина соученици, повеќе никогаш нема да се користи.

„Тоа е училницата во која загинаа пет деца од одделението 7-2, а беа ранети шестмина ученици. Сите заедно, на ниво на училиште, донесовме одлука училницата во која се случи злосторството никогаш повеќе да не се користи како училница. Ќе стане спомен училница, посветена на малите девојчиња кои загинаа, девојчињата кои беа ранети и кои, Боже на здравје, ќе закрепнат и на нашиот Драган, тој прекрасен чувар кој ги чуваше нашите деца во времето кога тие беа во училиште“, изјави Ристиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот