Убедлив пораз за Еурофарм Пелистер на гостувањето кај Фуксе Берлин

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Maкедонскиот вицешампион, Еурофарм Пелистер го запиша и петтиот пораз во Европската лига откако вечерва беа поразени од Фуксе Берлин со 34:25 во претпоследното коло од групната фаза.

„Пелистерци“ се уште не сигурни патници во следната фаза и за тоа одлучувачки ќе биде натпреварот против Мотор кој го играат на домашен терен. Во тој натпревар на битолскиот клуб ќе му биде доволно и реми за да го потврди четвртото место.

Во денешниот пораз најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Васиљев и Костески со по пет постигнати гола, Гидсел на спротивната страна постигна шест. Победата на Фуксе Берлин е апсолутно заслужена затоа што македонскиот претставник рамноправен противник беше само во почетните минути. Како што одминуваше времето домаќинот ја зголемуваше разликата и на пауза заминаа со 18:12.

Во второто полувреме Фуксе Берлин одигра уште подбро и предноста растеше од минута во минута за конечните 34:25. Во следниот натпревар Еурофарм Пелистер на домашен терен во салата „Боро Чурлевски“ ќе го пречека Мотор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот