Уапсени шест лица за „ковид-шема“, измама вредна 12 милиони евра

Илустративна фотографија / Архива на Слободен печат

Шест лица се уапсени на различни локации низ Франција, бидејќи се верува дека ја измамиле француската држава за 12 милиони евра, кои беа платени во име на надоместоци за невработеност поради кризата со kovid-19.

Членовите на криминалната банда користеле 3.600 измислени компании за да бараат исплата на тие такси, се вели во соопштението на Европол.

Добиените средства биле уплатени на сметките на француските банки, а потоа веднаш беа префрлени во странство и преселени низ цела Европа пред да бидат разменети во виртуелни валути.

Француската национална жандармерија и израелската полиција учествуваа во откривањето на криминалната група.

Главните осомничени, 30-годишен француско-израелски државјанин и неговата сопруга се уапсени во Реплонг, Франција, во близина на границата со Швајцарија на 16 јуни, додека се обидувале да избегаат во Женева, каде планирале да се качат на летот за Тел Авив резервиран во последен момент.

Шест лица се уапсени на различни локации низ Франција, бидејќи се верува дека ја измамиле француската држава за 12 милиони евра, кои беа платени во име на надоместоци за невработеност поради кризата со ковид-19.

Членовите на криминалната банда користеле 3.600 измислени компании за да бараат исплата на тие такси, се вели во соопштението на Европол.

Добиените средства биле уплатени на сметките на француските банки, а потоа веднаш беа префрлени во странство и преселени низ цела Европа пред да бидат разменети во виртуелни валути.

Француската национална жандармерија и израелската полиција учествуваа во откривањето на криминалната група.

Главните осомничени, 30-годишен француско-израелски државјанин и неговата сопруга се уапсени во Реплонг, Франција, во близина на границата со Швајцарија на 16 јуни, додека се обидувале да избегаат во Женева, каде планирале да се качат на летот за Тел Авив резервиран во последен момент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот