Уапсени двајца дилери да марихуана

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната.

Вчера во 20.40 часот од страна на полициски службеници на крстосницата село Петровец – село Долно Коњари се уапсени М.Д. (33) и Д.М.М. (35), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед кај нив е пронајдена марихуана.

По преземени мерки и согласно наредба од Основен кривичен суд Скопје, во текот на ноќва извршен е претрес во домот на Д.М.М. при што е пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот