Уапсена Катарина Баќовиќ, го изнајмила станот од кој бил ископан тунелот до Вишиот суд во Подгорица

фото: Влада на Црна Гора

Катарина Баќовиќ од Подгорица е уапсена по наредба на Основното државно обвинителство (ОДТ) поради сомнение дека е дел од криминална група која упаднала во депото на Вишиот суд во Подгорица, неофицијално дознава и објавува „vijesti“.

Полицијата по Баќовиќ трагаше од средината на септември.

Таа е идентификувана како лицето кое го изнајмило станот на Његошева бр.12, од кој членовите на криминалната група ископале тунел кој води до Вишиот суд.

„Вијести“ пишува дека во истрагата била сослушана и нејзината мајка Маја Баќовиќ, која работела како управителка на судската писарница. Таа негирала дека е вмешана во тешка кражба.

Провалата на судското депо беше откриена на 11 септември.

Во досегашната истрага, предводена од Основното државно обвинителство во Подгорица, запленети се стотици часовни снимки од надзорните камери, пронајден е алатот што го користеле копачите, а извршено е и вештачење на трагите на осомничените.

Оперативните полициски податоци покажуваат дека водачите на кавачкиот криминален клан го организирале копањето на подземниот тунел, а инспекторите се уште утврдуваат која била нивната главна цел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот