Уапсен маж во Франција кој во рок од еден месец ѕвонел 27.000 пати во полиција

фото Архива

Во Лион бил уапсен маж заради вознемирување на полицијата и жандармеријата, бидејќи во рок од еден месец им ѕвонел 27.000 пати на телефон, соопштила денеска француската полиција.

Мажот, чие име не е соопштено, од 7 април до 18 мај ѕвонел на телефонот на разни полициски и жандармерски станици во Франција, а на оние кои му се јавувале, им зборувал за секс, посебно ако се јавувале жени.

Вкупно 34 лица се жртви на неговото вознемирување.

Мажот (47) бил уапсен вчера во еден хотел во Лион, а после психијатарскиот преглед му бил утврден притвор и чека сослушување кај истражниот судија.

Извор: Бета.рс

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот