Фото: Јутјуб/Принтскрин

Творот Пепе заминува во историјата, обвинет за нормализирање на силувањето

Во „Вселенски баскет 2: Ново наследство“ (Space Jam: A New Legacy), кој би требало да излезе на 16 јули, нема да имаме прилика да го гледаме познатиот француски твор Пепе ле Пју, поради тврдењата дека тој цртан лик ја „нормализира културата на силувањето“. Како што пренесуваат американските медиуми, „Ворнер брос“ веќе трајно „го пензионирале“ смрдливиот твор.

Имено, анимираниот твор од Франција, кој глумеше во првиот дел, требаше да се појави во новиот филм во една сцена со актерката Грис Санто, која е снимена уште во 2019 година. Сепак, до тоа сигурно нема да дојде, затоа што колумнистот на „Њујорк Тајмс“, Чарлс М. Блоу тврди дека неговиот лик ја „нормализира културата на силувањето“, пишува „Deadline“.

Тој на Твитер изнесе неколку работи поради кои творот Пепе повеќе не е пожелен лик.

Познатиот цртан лик Пепе, несвесен за неговата одбивна смрдеа, упорно трага по љубов од понежниот пол, но неговите романтични обиди секогаш завршуваат со невозвратена љубов. Затоа, колумнистот Чарлс Блоу го обвини цртаниот лик дека „ги учи момчињата дека „не“ не значи навистина не“ и дека игнорирајќи го физичкото одбивање од страна на другата страна е „нормално, слатко и смешно“.

Снимена во 2019, Пепе во веќе отстранетата сцена наводно се обидува да ја бакне Грис во раката, но наместо тоа добива шлаканица и е полиен со пијалок. Потоа, Леброн Џејмс, кој ја игра главната улога, влегува во барот заедно со Душко Долгоушко и ја бараат зајачаицата Лола. Пепе им открива дека неговата долга невозвратена љубов побарала забрана за негово доближување, за Леброн да му одговори на Пепе дека не смее да ги допира другите од Веселата дружина без нивна согласност.

Меѓутоа тоа не е сè. Како што пренесуваат странските медиуми, одлучено е и на зајачицата Лола, која исто така глуми во првиот дел, да и бидат намалени градите, а причината за таквата одлука е фактот дека новото продолжение ќе биде посветено, пред се, на најмладите.

Дека сето ова е вистина, сведочи и фотографијата од постерот за филмот „Space Jam 2“.

Во следното видео поглeднете како изгледаше Лола во првиот дел на „Space Jam“ со Мајкл Џордан во главната улога.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот