Твоја партија: Заев да си даде веднаш оставка

Фото: МИА

По денешната блокада од Бугарија и незапочнувањето преговори со ЕУ, Твоја партија бара оставка од премиерот Зоран Заев и Владата и распишување предвремени парламентарни избори.

Сакаме да го расчистиме патот што е можно повеќе, не е сè само во наши раце, рече Рот

-Денеска Бугарија стави вето на датумот за пристапните преговори на Македонија во Евроска Унија.
Напорите кои што оваа Влада ги направи во изминатите 3 години, вклучително и Референдумот за промена на уставното име и влез во ЕУ, се покажаа неуспешни. После овој дипломатски дебакл, Заев и неговиот тим треба веднаш да си понесат одговорност, Заев да си даде веднаш оставка согласно неговата изјава од 6-ти јуни 2019 и веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори, сметаат од Твоја партија.

Бугарија смета дека Македонија не била подготвена да ги почне преговорите за членство во ЕУ и затоа се очекуваше вчера Советот за општи работи во Брисел да не ја усвои преговарачката рамка. Блокадата на Бугарија е наспроти останатите 27 европски земји, кои уште во март одлучија дека преговорите ќе почнат штом се усогласи рамката и следува по серијата агресивни барања со кои на Македонците им се наметнуваат бугарски корени.

ЕУ сака, ама Бугарија ни забрани преговори за членство

Според Владата, преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија и нашиот напредок во евцроинтеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на Унијата и постигнувањето на европските стандарди.

Влада: Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот