„Тутоспорт“ за Елмас: Тој „џокерот“ на Спалети, но не може и понатаму да биде само алтернатива

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

По 33 години и ерата на Диего Марадона Наполи повторно е шампион на Италија третпат во својата историја. Скудетото на Наполи ќе се памети и кај нас затоа што Елиф Елмас по 2010 година и Горан Пандев со Интер, стана вториот Македонец кој ја освоил титулата шампион на Италија.

Иако во најголем дел од натпреварите влегува како резерва од клупата, сепак Елмас е важен во тимот на Спалети. Анализа на сезоната на Македонецот сега направи познатиот „Тутоспорт“.

„Елмас е „џокерот“ на Спалети, играч без кој тимот не може. Може да игра на повеќе позиции како играч за врска, офанзивен играч, класично крило, па дури и класичен напаѓач како што играше видовме во Лигата на шампионите против Милан. На сите натпревари успеваше да ги надмине очекувањата, со асистенцијата за Распадори против Јувентус се покажува неговата разноврсност.

„Јасно е дека заслужува да игра повеќе, не може и понатаму да биде само алтернатива. Ќе му биде тешко на Наполи да го задржи по најавите дека „пола“ Европа и најголемите италијански клубови ќе сакаат да го доведат. Засега Елмас порачува дека сака да остане во Наполи“, стои во дел од анализата.

Сезона Елмас е трет стрелец во Наполи зад фантастичните Виктор Осимен и Квича Кварацхелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот