Туск како лидер на Европската народна партија ќе тргне во борба против популистите – Слободен печат
ВестиПланета

Туск како лидер на Европската народна партија ќе тргне во борба против популистите

Тој е првиот човек кој ќе биде челник на ЕПП од централна и источна Европа и ќе го замени Французинот Жозеф Даул, кој ја предводеше партијата од крајот на 2013 година.

Претседателот на Европскиот совет во заминување Доналд Туск е нов претседател на Европската народна партија (ЕПП). Тоа денес во Загреб го одлучија претставниците на народните партии на кои Туск им вети дека ќе се бори против популистите.

Туск го поддржа 491 пратеник, а против неговиот избор беа 37 претставници на конгресот на европските демохристијански партии, пренесе Хина.

Тој е првиот човек кој ќе биде челник на ЕПП од централна и источна Европа и ќе го замени Французинот Жозеф Даул, кој ја предводеше партијата од крајот на 2013 година.

Туск (62) беше единствениот кандидат за нов лидер на европската партија од десниот центар, која раководи со наголемата група на пратеници во Европскиот парламент.

На крајот на ноември му истекува мандатот за претседател на ЕС за кој беше избран во 2014 и во 2017 година.

– Подобро е да се биде претседател на ЕПП, отколку поранешен претседател на Европскиот совет – се шегуваше Туск по објавувањето на резултатите.

Тој претходно денес изјави дека не сака повеќе да биде првиот европски бирократ и дека тргнува во борба за гласачите против популистите.

Туск, кој беше активисти на синдикатот Солидарност во осумдесетите години на минатиот век, беше најдолговечниот премиер во посткомунистичка Полска (од 2007 до 2014 година).

Беше еден од основачите на центристичката партија Граѓанска платформа, членка на ЕПП која ја водеше од 2003 до 2014 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close