Турција ги осуди коментарите на Макрон

Официјална Анкара ги осуди неодамнешните изјави на францускиот претседател Емануел Макрон за Турција и нејзиниот лидер, нарекувајќи ги неприфатливи.

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој рече дека изјавата на францускиот претседател Макрон е спротивна на пријателството и сојузот меѓу двете земји и е неприфатлива.

Аксој исто така рече дека се работи за „неправедни и недоследни” изјави во врска со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Турција.

За време на интервју емитувано на ТВ каналот Франс 5 во вторникот, Макрон рече дека Турција „се обидува да се меша” во претседателските избори во Франција планирани за 2022 година.

– Сметаме дека изјавите на господин Макрон се недоследни во момент кога преземаме чекори да тензијата во односите меѓу двете земји да ја замениме со смиреност и пријателство, нагласи Аксој. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот