Турците го поддржаа Хамас, израелски производител на кафе го исфрли зборот „турско“ од пакувањето

Unsplash
Unsplash

Израелскиот производител на кафе „Штраус Кофи Израелl“ објави нова линија на пакување за еден од своите најпознати производи, елитното турско кафе, поради незадоволството на јавноста кон Турција по поддршката на Истанбул за Хамас во конфликтот во Газа.

Компанијата посочи дека новото привремено пакување ќе го задржи својот потписен изглед, со додавање на израелското знаме и патриотски слогани како „Генерација на победата“, „Заедно посилни“ и „Народот на Израел живее“, Компанијата додава дека популарниот бренд на Штраус, стар со децении „Турско кафе“, е посветен на правење кафе во турски стил, но нема друга врска со земјата. Ави Лауфер, извршен директор на Штраус, рече дека има барања за промена на името во „Израелско кафе“ поради повиците за бојкот на производите од Турција.

„Се обидовме да разјасниме дека нема врска меѓу нашето турско кафе и Турција. Зрната кафе доаѓаат од земјите што произведуваат кафе како Бразил, Виетнам и Етиопија. Од Турција не пристигнува кафе“, изјави Лауфер. Тој објасни дека името „турско кафе“ доаѓа од препознатливото фино мелење што се користи во Турција и Грција, пишува Политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот