Трудниците имаат поголем ризик на заболување од потежок облик на коронавирусот

Фото: Профимедиа

Трудниците имаат поголем ризик да заболат од потежок облик на Ковид-19 во споредба со жените кои не се бремени, покажува новиот извештај на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Како што се наведува во неделниот извештај, кој беше објавен вчера, заразените трудници имаат поголем ризик да бидат хоспитализирани, примени на одделение за интензивна нега и ставени на респиратор, пренесува Си-Ен-Ен.

Центарот претходно навел на својот сајт дека – иако моментално нема податоци кои покажуваат дека Ковид-19 влијае на трудниците различно отколку на други лица, знаеме дека трудниците имаат поголем ризик да се разболат од други респираторни вируси од лицата кои не се бремени.

Истражувањето е базирани на информации кои се собрани од 326.335 жени од 15 до 44 години, кои биле позитивни на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот