Тројца наши лекари треба да се вклучат во тимот за обдукција на загинатите во несреќата

Запалениот македонски автобус во Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија/ Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

Тројца лекари од Институтот за судска медицина во Скопје се очекува утре да се приклучат на експертскиот тим во Софија кој ќе врши обдукција и идентификација на телата на македонските државјани кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија.

Како што соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи, нашите тројца експерти се веќе во Софија со цел да помогнат за побрзо завршување на обдукцијата. По известување од министерот за здравство и укажување од неговиот бугарски колега дека за нивни ангажман ќе биде потребна официјална нота од македонска страна преку бугарското МНР до Обвинителството во Софија, тоа е, вели Османи, направено.

Попладнево документот е испратен со барање тројцата експерти на Институтот за судска медицина во Скопје да бидат дел од експертскиот тим за обдукција и идентификација на телата.

– Тоа барање е упатено конечно до Обвинителството, процедура која сепак според бугарските власти треба да се почитува и очекувам во текот на утрешниот ден Обвинителството да го одобри нивното вклучување во процесот на идентификација, рече Османи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот