Тројца мртви во лавина во Швајцарија

Фото: Твитер

Три лица загинаа, а уште едно е повредено во лавината што вчера попладне се спушти од планина во Рифелберг, во близина на швајцарскиот алпски ски-центар Цермат, соопшти полицијата.

Портпаролот на полицијата во јужниот кантон Вале немаше детали за идентитетот на луѓето зафатени во лавината.

Исто така, не е јасно дали има уште исчезнати.

Полицијата во кусо соопштение соопшти дека акцијата за пребарување е прекината затоа што бил отежнат пристапот до подрачјето каде имало многу снег.

Обилните снежни врнежи и многу силните ветрови ги поттикнаа властите да предупредат на значителен ризик од лавини во алпските региони на југот на Швајцарија.

Зимава веќе 14 лица загинаа во лавини во Швајцарија, во дванаесет одвоени несреќи. Повеќето од нив беа скијачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот