Тројца лекари загинаа во напади во Северниот дел на Газа

Болница во Газа / Фото EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Лекарите без граници редовно им доставуваа на завојуваните страни информации за Ал Авда како функционална болница и присуството на нејзиниот персонал во Ал Авда, се вели во соопштението.

„Вчера џи-пи-ес координатите беа споделени и со израелските власти“

Тројца лекари, вклучително и двајца од Лекари без граници, беа убиени во напад врз болницата Ал-Авда во северниот дел на Газа, соопшти организацијата.

Лекарите без граници редовно им доставуваа на завојуваните страни информации за Ал Авда како функционална болница и присуството на нејзиниот персонал во Ал Авда, се вели во соопштението. „Вчера џи-пи-ес координатите беа споделени и со израелските власти“.

Загинатите лекари се д-р Махмуд Абу Нуџаила и д-р Ахмад ал-Сахар, вработени во организацијата, како и д-р Зиад ал-Татари.

„Да гледате лекари како умираат до болнички кревети е повеќе од трагично и тоа мора веднаш да престане“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот