Трибина за зајакнување на самодовербата кај учениците

Фото: Слободен печат

Во НУУБ “Св. Климент Охридски” во Битола се одржа трибина на тема “Како до поголема самодоверба кај учениците”.

На трибината учествуваа м-р Фатма Бајрам Аземовска библиотекар од библиотеката, Александра Мицевска, психолог од ПЗУ Психомедика, д-р Аница Златевска, психолог во ОУ “Коле Канински“ и Александра Здравевска, наставник по физичко и здравствено образование во ОУ “Коле Канински“.

Пред присутните ученици од шесто и седмо одделение предавачите преку совети ги насочуваа учениците како да ја подобрат нивната самодоверба, како да веруваат во себеси и како да се почитуваат, сакаат, ценат и вреднуваат.

„Самодовербата значи колку сме сигурни во себе, колку се цениме и сакаме себе си. Веруваме дека секој од нас се цени и сака себе си во помала или поголема доза. Некогаш е интересно што несвесно многупати себеси се забораваме, се ставаме на последно место. На сите нас некогаш ни се случило да имаме доза на ниска самодоверба. Причините за ваквиот вид на чувство се најразлични, затоа оваа трибина имаше за цел да ги детектира причините кај учениците и како да ги избегнеме, а со тоа да си ја зајакнат самодовербата и самопочитта кои се тесно поврзани една со друга“, беше речено на трибината.

Во практичниот дел на трибината се вклучија голем број од присутните ученици. Тие кажаа по три позитивни и три негативни работи за себе, со што покажаа како тие размислуваат за самодовербата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот