Три хороскопски знаци ќе доживеат љубов од 21 декември од крајот на неделата

Фото: Pexels/ Pixabay

Хороскопот за оваа недела ќе биде посебен за одредени хороскопски знаци. Ретроградниот Меркур и положбата на Плутон во Јарец ја поттикнаа потребата да се размислува за минатото. Плутон, кој патува низ Јарец, сугерира да се оттргнете од она што повеќе ви делува како обврска отколку страст, пишува „Сенса“.

Припадниците на овие три хороскопски знаци ќе доживеат љубовен процут во текот на неделата.

Девица

Девици, вие влегувате во исклучително романтична недела. Месечината во Риби ќе ги нагласи вашите односи со другите, додека Сонцето во Јарец ќе ги „осветли“ можностите за брак. Во исто време, ретроградниот Меркур се преселува во Стрелец, донесувајќи позитивни промени и случувања во вашиот дом и семејство. По една година во која требаше да најдете благодарност за уживањето во сето она што сте го создале, сега можете да очекувате некои позитивни случувања во вашата врска. Може да се случи и некое запросување.

Рак

Иако не очекувате, нова романса ќе зачекори во вашиот живот. Оваа недела повторно ќе почувствувате трошка надеж дека никогаш не е доцна да верувате во љубовта. Позициите на планетите оваа година ќе иницираат нова фаза од врската со партнерот. Ќе ви се оствари дури и желбата да се најдете во средина која ве инспирира. Иако Плутон се врати во Јарец, кој го активира љубовниот сегмент, ретроградниот Меркур ќе се пресели во Стрелец, помагајќи ви да ја изострите решителноста и да ѝ пристапите на вашата врска со поздрав начин на размислување.

Близнаци

Оваа недела ќе доживеете позитивна трансформација, бидејќи Сонцето во Јарец ќе ја нагласи потребата да „растете“ во вашата врска, баш кога ретроградниот Меркур преминува во Стрелец, владетел на вашето љубовно поле. Оваа година, многу работи се променија во однос на она што е ваш приоритет. Време е да научите од искуството и да ги прескокнете истите грешки што сте ги правеле. Отворете му се на партнерот и кажете му што ви треба за да ја поправите врската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот