Третоодделенци бојкотираат настава во Тетово, родителите се револтирани што често им се менувале наставничките

Фото: ТВ Кис-Менада Тетово / принтскрин

Родители на ученици од трето одделение од основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово веќе два дена не ги пуштаат децата на училиште, револтирани поради честите смени на наставничките во класот, јавува МТВ.

Тие вчера одржаа мал протест во дворот на училиштет. Велат дека станало пракса учениците секоја учебна година да ја започнат со друг просветен работник.

„Проблемот има политичка заднина, но нас тоа не нè интересира. Бојкотот ќе продолжи, додека не се одговори позитивно на нашето барање“, велат родителите.

На дваесетина просветни работници во Тетово оваа учебна година не им беа продолжени договорите за работа.

Директорката на Основното училиште „Гоце Делчев“ не се огласува околу ситуацијата. Од Секторот за образование во Општина Тетово велат дека нема ништо незаконско со поставување на нови наставници. Оние на кои им престанал договорот, можат повторно да конкурираат на огласот за работа, кој ќе биде објавен наскоро, велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот