Трамп: Можеме да посредуваме меѓу Турција и Курдите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека едно можно решение за конфликтот меѓу Курдите поддржани од САД и турските сили во североисточна Сирија е Вашингтон да посредува во мировни преговори.

Трамп на Твитер најави дека САД имаат три опции.

„Имаме три избори – да испратиме 1.000 војници и да извојуваме воена победа, да ја погодиме многу тешко Турција и финансиски и со санкции, или да посредуваме меѓу Турција и Курдите”, наведе американскиот претседател.

„Се надевам дека можеме да посредуваме”, додаде Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот