Трамп има сметка во кинеска банка, еве зошто ја отворил

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека има сметка во кинеска банка, објави Њујорк Тајмс.

Сметката е во сопственост на компанијата „Трамп Интернешнл хотелс Менаџмент” и е отворена за плаќање на локален данок меѓу 2013 и 2015 година.

Сметката е отворена за да се испита потенцијалот на хотелскиот бизнис во Азија, изјави Јан Гартен, адвокат на организацијата на Трамп. Тој објасни дека сметката е отворена во кинеска банка во САД со цел да се плати локален данок.

Њујорк Тајмс ја откри сметката откако имаше увид во даночната евиденција на Трамп, која вклучува лични и финансиски детали од компанијата.

Никогаш не биле реализирани договори, трансакции или други деловни активности и од 2015 година, сметката не била активна. Сепак, таа останува отворена, но никогаш не бил користен за други цели.

Од кинеската банкарска сметка се платени 188.561 долари локални даноци, пренесува Би-Би-Си.

Американскиот претседател ги критикуваше американските компании кои работат во Кина и предизвика трговска војна меѓу двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот