Трамп го спречил сведочењето на амбасадорот на САД во ЕУ за неговиот импичмент

Фото: Принтскрин

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска го спречила амбасадорот на САД во ЕУ, Гордон Сондленд, да сведочи во истрагата на Претставничкиот дом за отповикување на Трамп од функцијата.

Сондленд требаше да има состанок зад затворени врати со персоналот на три конгресни одбори предвидени од демократите околу неговата евентуална улога во напорите на Трамп да ја поттикне Украина да спроведе истрага за синот на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, инаку, негов актуелен политички ривал во претседателската трка.

Сондленд наводно се согласил да сведочи без судски повик, пренесуваат британските медиуми. Но, како што наведува Би-Би-Си, добил упатство од Стејт департментот да не се појавува во Претставничкиот дом.

Трамп изјави дека Сондленд ќе сведочел пред „кенгурски суд”.

„Би сакал амбасадорот Сондленд, многу добар човек и голем Американец, да го испратам да сведочи, но, за жал, тој би сведочел пред целосно компромитиран кенгурски суд (импровизиран, незаконски суд), во кој се одземени правата на републиканците, а вистинските факти не се дозволени пред јавноста”, наведе Трамп на Твитер.

Британските медиуми наведуваат дека претставниците на Белата куќа и на Стејт департментот засега не се огласија официјално за случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот