Трамп го смени главниот разузнавач кој ја водеше истрагата за неговото отповикување

Profimedia

Во писмо до американските законодавци, претседателот на САД Доналд Трамп најави дека ќе го разреши од функцијата генералниот инспектор на разузнавачките служби Мајкл Аткинсон, пишува весникот „Њујорк тајмс”.

Трамп одлучи да го разреши Аткинсон поради недоверба во него, се наведува во писмото испратено до Адам Шиф, претседател на Комисијата за разузнавање при Претставничкиот дом и Девин Нунс, републиканец од таа Комисија.

– Важно ми е да имам доверба во вршителот на должноста генерален инспектор. Тоа веќе не е случај со овој генерален инспектор, напиша Трамп.

Шиф ја оцени смената на Аткинсон како „бесрамен обид за нарушување на независноста на разузнавачката заедница и одмазда кон оние кои се осмелуваат да ги разоткријат криминалите на претседателот”.

Аткинсон минатата есен го информираше Конгресот за поплаки од свиркачи поради активностите на американскиот претседател во Украина, што иницираше започнување постапка за импичмент на Трамп.

Според „Њујорк тајмс”, еден претставник на администрацијата на Трамп, кој инсистирал на анонимност, укажал дека судбината на Аткинсон била запечатена веднаш по завршувањето на постапката за отповикување во Конгресот.

Американските закони му овозможуваат на шефот на државата да го смени генералниот инспектор на разузнавачките служби еден месец откако ќе ги извести безбедносните структури за својата намера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот