Трамп ги критикуваше „демократските“ држави кои бараат помош за коронавирусот

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател, Доналд Трамп денес ги критикуваше американските градови и држави кои бараат федерална помош за да ги надоместат тешките загуби предизвикани од пандемијата на коронавирусот, обвинувајќи ги претежно демократите дека „лошо управуваат со тие градови и држави.

Гувернерите, всушност бараат од Конгресот околу 500 милијарди американски долари, додека во исто време се одлучува за друг закон за помош. Тие тврдат дека парите се потребни за да се покријат трошоците поради епидемијата, како и изгубените приходи додека граѓаните се во своите домови, пренесува Ројтерс.

-Зошто жителите на Америка и даночните обврзници би требало да ги спасуваат слабо управуваните држави (како на пример Илиноис) и градовите во кои на власт се  демократите, кога повеќето други држави не бараат помош? Отворен сум за било каква дебата, но само прашувам?-напиша Трамп на својот профил на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот