Трајковски може да го напушти Хајдук: Неоправдано луксузна инвестиција

Фото: HNK Hajduk

Репрезентативецот на Македонија, Александар Трајковски според најавите ќе си замине на крајот од сезоната од редовите на Хајдук, иако неговиот договор е со важност до 2025 година.

Денес клуботт потврди дека по лошиот период заминува претседателот Лукша Јакобушиќ, а на лето се најавуваат и големи промени во играчкиот кадар.

Трајковски има скромна минутажа и одигра вкупно 300 минути на десет натпревари, постигна само еден погодок. Според информациите на хрватски „Спортске Новости“ клубот ќе се раздели со него на крајот од сезоната.

„Сезонава Трајковски има само еден гол и од почетокот на ноември одигра само 21 минута. Нема да навлегуваме во висината на неговата плата, меѓутоа со оглед на тоа колку одигра и што пружи, дефинитивно е неоправдано луксузна инвестиција“, стои во текстот во делот за македонскиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот