Трајко Славески се противи на минимална плата од 18.000 денари: Тоа е неоправдано и нереално

Фото: Утрински брифинг/Слободен печат

Професорот и актуелен претседател на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, кој беше министер за финансии во владите на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека барањата на Сојузот на синдикати за зголемување на платите на работниците на 18.000 се „неоправдани и нереални“.

Тој во изјава за ТВ24 застана на страната на Организацијата на работодавачи, аргументирајќи дека ваквото зголемување на платите би било оптоварување за компаниите и може да доведе до затворање на бизниси.

„Ова што го бара Синдикатот се коси со целокупната практика во Европа и во светот. Минималната плата не може да се однесува на над 20 проценти од вработените и не може да биде 60 проценти од просечната плата, кога Европската унија изрично наложува максимумот да биде 50 проценти. Затоа што тоа би придонело најголем број од компаниите во Македонија да затворат или пак остатокот од компаниите коишто се подобри да ја доживеат судбината на БЕГ, односно полека да станат државни фирми. Тоа значи враќање назад“, рече Славески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот