Трајанов: МВР, АНБ и АР да направат детална анализа, фалсификуваните пасоши да се сторнираат

Фото: Миа

Иако сегашната истрага за „Двојник“ се води и внатре во МВР, но и надвор кон други институции, досега не е утврдена организирана група во случајот. Единствената врска меѓу сите во случајот е Раиф Мифтари посредникот меѓу нив, за кој е распишена и меѓународна потерница. Екс-министерот за внатрешни работи и сегашен пратеник, Павле Трајанов вели дека за да функционира целата оваа криминална група треба најмалку двајца.

– За да функционира тоа треба најмалку двајца. Тој што ги прима барањата за издавање пасоши и тој што ги контролира. МВР има систем, управни служби кои треба да ја надгледуваат работата на подрачните единици, во СВР Скопје и другите како функционираат, има ли проблеми, пропусти…, и тие констатираат има или не пропусти и даваат насоки како да се подобрат работите. Тоа е една работа. Тие што се вклучиле во фалсификат треба да сносат одговорност. Оперативните служби, тие треба да соберат информаци бидејќи на овој начин е загрозена националната безбедност. Оперативните служби во МВР, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање треба да соберат факти, информациа и да се направи продлабочена проверка на каков и кој начин се издале пасошите – вели за Слободен печат, Трајанов.

Не верувам, додава Трајанов, дека овие 215 луѓе меѓу кои и познати криминалци од светски калибар, не комуницирале меѓу себе, преку интернет, праќале фотографии, доаѓале тука или не, сето тоа се движело и тоа требало службите, и наши и странски, да го сигнализираат.

-МВР треба да ги стонира сите пасоши што се издавале, да не може истите да се користат и преку Интерпол да се праќа информацијата дека тој и тој пасош се фалсификувани и да се сторнираат со име и презиме. И за нив е завршена работа, не може да се користат. Ова може да се направи и сигурно веќе е направено. Криминалот не распознава етнички бои, четири Македонци, четири Албанци или пет со тој што е избеган. Тие се договориле и добро функционирале, како старата максима „Братство единство“ терале за пари – вели Трајанов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот