Траги од крв пронајдени во училиште во Сопиште, полицијата истражува

Фото: Wikipedia

Во подрумските простории на училиште во скопското село Сопиште вчераутро биле пронајдени траги од крв, по што вработените ја известиле полицијата, соопшти МВР.

„На 08.11.2022 во 08.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред влез во подрумските простории на основно училиште во с.Сопиште, скопско, биле пронајдени траги од крв. Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле увид и бил подигнат примерок за вештачење. Досега нема пријавено повредено лице“, велат од МВР:

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот