Траен прекин на огнот во Газа, повик од Лондон и од Берлин

Газа / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон и неговата германска колешка Аналена Баербок изјавија дека „итно е потребен „траен прекин на огнот“ во Појасот Газа, но се спротивставија на идејата за „општ и итен прекин на огнот“.

– Мораме да направиме се за да можеме да го отвориме патот кон траен прекин на огнот, што ќе доведе до траен мир. Најдобро би било што поскоро, итно е,напишаа во заеднички текст во Сандеј Тајмс.

– Премногу цивили се убиени – нагласија тие.

Британската влада преку вицепремиерот Оливер Дауден го повика Израел на „воздржаност“, во интервју што тој го имаше денска за Би-Би-Си .

– Израел се соочува со многу тешка ситуација … Ако го нападнете непријателот кој буквално се крие под болниците, среде цивилното население, тоа ќе предизвика голем број цивилни жртви, нагласи тој.

„Ние велиме, во својство на британската влада, дека Израел мора да покаже воздржаност“, додаде тој.

Дејвид Камерон и Аналена Баербок во текстот истакнаа дека не мислат дека „повикувањето сега на општ и итен прекин на огнот, со надеж дека тој на еден или друг начин ќе стане траен, е патот што треба да се оди“.

Тоа би значело „игнорирање зошто Израел мора да се брани: Хамас го нападна Израел на варварски начин и продолжува да истрелува ракети секој ден за да убива израелски цивили. Хамас мора да го остави оружјето“, напишаа тие.

Генералното собрание на ОН во вторникот усвои необврзувачка резолуција со која се повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот“ во Газа. Британија беше воздржана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот