Тошковски контра Бојмацалиев: Приведени се двајца осомничени за престрелката во Арачиново

Мвр прослава/фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека вчера биле приведени двајца осомничени за кои што се претпоставувало дека се поврзани со настанот во Арачиново. Од друга страна пак,  денеска неговиот заменик Митко Бојмацалиев во интервју за „Слободен печат“ изјави дека вчерашните натписи во дел од медиумите дека се приведени двајца осомничени за престрелката во Арачиново се неточни.

-За жал, од страна на одредени политички функционери во рамки на оваа држава се демантираат работи кои што никогаш не биле кажани ниту од мене ниту од страна на мојот тим, ниту од страна на Кабинетот на министерот за внатрешни работи. Вчера беше посочено дека одредени осомничени лица се приведени во врска со предметниот настан. Многу е важно при соопштување на одредени информации во јавноста да се користат точни и прецизни поими, посочи Тошковски.

Тошковски додаде дека во рамките на оперативните дејствија кои што се преземаат од страна на Службите во МВР, беше утврдено дека едно од предметните лица кои што се приведени е барано со потерница. Тоа, како што потсети, беше соопштено во текот на вчерашниот ден, и истото како такво ќе биде процесуирано согласно закон.

-Не би сакал да говорам во детали кои што би можеле да загрозат каква било истрага и многу внимавам кои поими и кои термини ги користам и ги замолувам сите надлежни во рамки на сите институции кои што даваат информации во јавноста, да го сторат истото. Апелирам да се постапува согласно упатствата на Јавното обвинителство, односно да се внимава што се зборува во јавноста, се со цел да не се наштети на истрагата, рече Тошковски.

Претходно, ОЈО Скопје, во врска со пукањето кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими во кое се повредени две лица кои биле заедно со гроначалникот, информираше дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство извршил увид на лице место и издал наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења.

Од Обвинителството дополнија дека ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија.

 

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Бојмацалиев: Напаѓачите на градоначалникот на Арачиново сè уште се на слобода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот